Зелена младина, зелен раст
Project Description
Проектот „Зелена младина, зелен раст“ ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија преку поттикнување на младите, училиштата, граѓанските организации и медиумите активно да придонесуваат кон спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. Тој промовира еколошка свест, одржливи практики и зелени иновации преку едукација, граѓанско вклчување и активности за информирање и подигнување на јавната свест.
Проектот ги зајакнува знаењата и практичните вештини поврзани со климатските промени, заштитата на животната средина, циркуларната економија и зеленото претприемништво кај учениците и наставниците. Преку обуки, училишни активности и зелени хакатони, младите се поттикнуваат да развиваат иновативни идеи и практични решенија за локалните еколошки предизвици.
Истовремено, проектот обезбедува финансиска и техничка поддршка за локалните граѓански организации за спроведување иницијативи во заедницата поврзани со клучните приоритети на Зелената агенда. Јавната свест дополнително се зајакнува преку дигитални кампањи, видеа, успешни приказни и јавни настани што промовираат одржливи начини на живот и позитивни еколошки практики.
Со поврзување на образованието, граѓанските организации и локалните заедници, проектот придонесува кон поголема ангажираност на младите, поодржлив локален развој и поширока јавна поддршка за зелената транзиција во Северна Македонија.
Specific Objective
• Да се зголемат знаењето и свеста кај младите за климатските промени, заштитата на животната средина, циркуларната економија и зеленото претприемништво.
• Да се зајакнат капацитетите на училиштата и наставниците за промовирање одржливи практики и едукација за животната средина.
• Да се поттикнат учеството и иновациите кај младите преку зелени хакатони и практични еколошки иницијативи.
• Да се поддржат граѓанските организации во спроведувањето локални зелени акции усогласени со приоритетите на Зелената агенда.
• Да се подигне јавната свест и да се промовираат позитивни еколошки практики преку комуникациски кампањи, дигитални содржини и активности за информирање на јавноста.
Expected Results
• Младите ги продлабочуваат знаењето за животната средина, практичните вештини и мотивацијата за придонес кон климатска акција и одржлив развој.
• Јавните образовни институции и наставниците ги зајакнуваат своите капацитети за промовирање еколошка свест и зелени вредности кај учениците.
• Училиштата развиваат и промовираат иновативни зелени идеи и решенија преку обуки, тимска работа и хакатонски активности.
• Граѓанските организации добиваат финансиска и техничка поддршка за спроведување конкретни локални акции насочени кон предизвиците поврзани со животната средина и климатските промени.
• Јавната свест за приоритетите на Зелената агенда и одржливите практики се зголемува преку дигитални кампањи, активности за подигнување на свеста, видеа и јавни настани.
Project map
Photo gallery
High school students competition
PROJECT DETAILS
Северна Македонија
Priority Area:
Животна средина и зелена транзиција Subsector:
Климатска акција Topic:
Животна средина, Граѓанско општество, Млади, Медиуми, Вештини Project Status:
Во тек Start Date:
01.03.2024 End Date:
28.02.2027 EU Project Number:
452-475 


