Градење ефикасни, транспарентни и одговорни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија
Project Description
Преку поддршка за спроведување на Законот за органски буџет и Интегрираниот систем за управување со јавни финансии (ИФМИС) во Северна Македонија, проектот има за цел да го зајакне управувањето со јавните финансии, обезбедувајќи поголема транспарентност, ефикасност и цврста контрола на работењето на државните институции.
Проектот им помага на Министерството за финансии да подготви и спроведе нови регулативи и насоки во согласност со Законот за органски буџет, кои ги опфаќаат управувањето со финансиски ризици, јавните сметки и известувањето. Исто така, обезбедува поддршка за инсталација на хардверот за ИФМИС во Главниот центар за податоци на Министерството и во Центарот за опоравување од катастрофи, со што се воспоставува сигурна мрежа со резервни податоци помеѓу нив.
Дополнително, проектот нуди стручни технички совети за Работното тело на ИФМИС во текот на процесот на набавка и имплементација, со цел системот да ги исполни сите функционални и технички стандарди. Исто така, се организираат обуки и активности за градење на капацитетите, со цел да се зајакне способноста на Министерството за финансии и другите релевантни институции за успешно спроведување на новите реформи во управувањето со јавните финансии и ефективно користење на алатките на ИФМИС.

Specific Objective
Главната цел на проектот е да се зајакне ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи, како и да се зголеми ефикасноста на управувањето со приходите.
Expected Results
Периодот за спроведување на проектот заврши на 19 јули 2025 година. Поради значителни доцнења во процесот на набавка на ИФМИС, не беа постигнати предвидените резултати, поради што средствата од Европската Унија ќе бидат повлечени.
Project map
Photo gallery
PROJECT DETAILS
Северна Македонија
Priority Area:
Демократија, добро владеење и основни права Subsector:
Реформи на јавната администрација Topic:
Добро владеење Project Status:
Во тек Start Date:
19.07.2022 End Date:
19.07.2027 EU Project Number:
433-929 