Skip to main content

„Поддршка од ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“

Project Description
„Поддршка од ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“ е регионален проект посветен на зајакнување на процесите на транзициска правда, промовирање на помирувањето и унапредување на социјалната кохезија во регионот. Преку поддршката што им ја пружа на институциите, граѓанското општество и локалните заедници, проектот помага во адресирање на последиците од конфликтите на територијата на поранешна Југославија, вклучително и случаите на воени злосторства и исчезнати лица.

Проектот поттикнува и олеснува инклузивен дијалог заснован на факти за минатото и иднината, како и соработка во рамките на општествата и меѓу различните заедници и етнички групи. Воедно, го унапредува пристапот до правда и до услуги за жртвите и преживеаните.

Со јакнење на владеењето на правото, промовирање на регионалната соработка и зајакнување на граѓанското општество, проектот придонесува кон градење доверба во демократското владеење, ја поддржува интеграцијата во ЕУ и помага да се постават цврсти темели за долгорочен мир и стабилност во земјите од Западен Балкан.
Specific Objective
Овој проект придонесува кон долгорочен мир, стабилност и владеење на правото во регионот на Западен Балкан преку поддршка на процесите на транзициска правда, регионалната соработка, дијалогот и инклузивното вклучување на заедниците, особено во адресирањето на последиците од конфликтите од 1990-тите години. Со пристап фокусиран на луѓето, проектот има за цел да ја зајакне довербата во институциите и социјалната кохезија, како и да промовира регионална соработка.

Специфичните цели опфаќаат:
• Зајакнување на капацитетите на судските, правосудните и другите релевантни органи за решавање на преостанатите случаи на воени злосторства, утврдување на судбината на исчезнатите лица и обезбедување соодветна поддршка за жртвите, како и зајакнување на меѓусебната прекугранична и меѓународна соработка;
• Подобрување на пристапот до правда и до услуги за поддршка на жртвите и преживеаните, вклучително и преживеаните од сексуално насилство за време на конфликтите, со посебен фокус на родово одговорни пристапи и пристапи фокусирани на жртвите;
• Оснажување на организациите на граѓанското општество, вклучително и здруженијата на преживеани, преку доделување подгрантови и градење капацитети, со цел нивно активно вклучување во адресирањето на последиците од конфликтите од 1990-тите години, заштитата и почитувањето на правата на жртвите, како и промовирањето на меѓуетничка и меѓузаедничка соработка; • Поддршка на локалните чинители, младите и академската заедница за подигање на јавната свест и промовирање дијалог за поновата историја и процесите на помирување.
Expected Results
• Надлежните институции во регионот на Западен Балкан постапуваат во рамки на унапредени законодавни и политички рамки и располагаат со зајакнати капацитети за справување со преостанатите случаи на воени злосторства и за расветлување на случаите на исчезнати лица;
• Подобрена регионална и меѓународна соработка во постапувањето по предмети на воени злосторства, пребарување и идентификација на исчезнати лица и обезбедување поддршка за жртвите, со што се придонесува кон нивно поефикасно решавање во регионот на Западен Балкан;
• Подобрено остварување на правата и обезбедување поддршка за жртвите и преживеаните, како и зајакнати капацитети на релевантните институционални и граѓански чинители;
• Зголемена јавна поддршка за отчетност во случаите на воени злосторства и за решавање на случаите на исчезнати лица, како и воспоставен поинтензивен дијалог заснован на факти и заложби за помирување во општеството и меѓу етничките заедници;
• Вклучување на нови чинители (активисти, академици, истражувачи, уметници, новинари и други), особено млади и жени, оснажени за прекуграничен и меѓуетнички дијалог, меморијализација, образовни иницијативи, застапување за транзициска правда и помирување, како и промоција на владеењето на правото и човековите права.
Project map
EU Support to Confidence Building in the Western Balkans
PROJECT DETAILS
Регионално
Priority Area:
Поврзаност и регионална соработка
Subsector:
Помирување
Topic:
Граѓанско општество, Прекугранична соработка, Дијалог, Човекови права, Правосудство, Млади
EaP Countries:
Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија
Project Status:
Во тек
Start Date:
01.01.2023
End Date:
31.12.2026
Social Media Links:

EU Project Number:
437-134