Поддршка за спроведување на Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии 2024–2027
Project Description
Проектот „Поддршка за спроведување на Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии 2024–2027“ има за цел да го подобри финансиското управување во Северна Македонија и квалитетот на услугите во јавниот сектор. Преку унапредување на фискалната дисциплина, стратешката распределба на ресурсите и системите за јавна финансиска контрола, проектот придонесува кон потранспарентно и поефикасно управување со јавните средства.
Преку обезбедување на политички совети, развој на институционални капацитети и техничка експертиза, проектот ја поддржува работата на Министерството за финансии и други релевантни институции во спроведувањето на Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии 2025–2028. Иницијативата има значајна улога во промовирањето на отчетноста, ефикасноста и довербата во јавните институции, со директен придонес кон процесот на приближување на Северна Македонија кон Европската Унија.

Specific Objective
Проектот има за цел да ја унапреди законската рамка и да ги зајакне капацитетите на клучните институции кои ја спроведуваат Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии. Преку стручна и техничка поддршка, проектот придонесува за успешно остварување на целите и постигнување на резултатите предвидени со Програмата.
Expected Results
• Зајакнати системи за следење на напредокот во спроведувањето на реформите за управување со јавните финансии, овозможувајќи навремено известување за реализацијата на Планот за раст на ЕУ и програмите за буџетска поддршка;
• Подобрена јавна внатрешна финансиска контрола преку поддршка за спроведувањето на реформите предвидени во Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
• Зголемени капацитети на Академијата за јавни финансии за обезбедување квалитетни обуки во областа на управувањето со јавните финансии, наменети за вработените во Министерството за финансии и другите буџетски корисници;
• Продлабочени капацитети на институциите вклучени во спроведувањето на Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии за навремено постигнување на очекуваните резултати.

Project map
Photo gallery
PROJECT DETAILS
Северна Македонија
Priority Area:
Демократија, добро владеење и основни права Subsector:
Реформи на јавната администрација Topic:
Добро владеење Project Status:
Во тек Start Date:
19.01.2025 End Date:
19.01.2028 EU Project Number:
461-009 