Прескокни до главната содржина

Претседателката фон дер Лајен од Скопје: Местото на Северна Македонија е во Европската Унија

октомври 8, 2026

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја потврди посветеноста на Европската Унија кон европскиот пат на Северна Македонија за време на нејзината посета на Скопје на 2 октомври, истакнувајќи дека местото на земјата е во европското семејство.

Во рамки на нејзината годишна турнеја низ Западен Балкан, фон дер Лајен се сретна со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, при што повтори дека Европската комисија и другите институции на ЕУ со нетрпение очекуваат да ја пречекаат Северна Македонија, со нејзините македонска култура и јазик, во Европската Унија.

За време на посетата, претседателката на Европската комисија го пофали напредокот на Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и нејзината Реформска агенда, истакнувајќи ги напорите на земјата за унапредување на реформите и искористување на поддршката од ЕУ. Таа најави и дополнителни европски инвестиции во земјата.

Фон дер Лајен ја истакна и важноста на постепената интеграција, посочувајќи ја антената на фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“во Северна Македонија како пример за тоа како земјата веќе може да има придобивки од поблиската соработка со ЕУ и да учествува во иницијативи што ја обликуваат дигиталната иднина на Европа.

Говорејќи за процесот на проширување, фон дер Лајен нагласи дека моментумот за проширување на ЕУ е реален и не треба да се пропушти. Таа ја охрабри Северна Македонија да продолжи со дијалогот со своите соговорници во Бугарија, нагласувајќи ја важноста од придвижување на следните чекори во пристапниот процес, вклучително и отворањето на преговарачките кластери и одржувањето на следната меѓувладина конференција.

Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски се ракуваат во Скопје

Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија

ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО РАЗГОВОРОТ

ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИТЕ БИЛТЕНИ И ИЗВЕСТУВАЊА

Претплатете се бесплатно на билтени и известувања и добивајте повеќе информации од ЕЕАС и за активностите на ЕУ во светот директно во вашето сандаче.

Информациите на оваа веб-страница подлежат на Одрекување од одговорност и Заштита на личните податоци. © Европска Унија 2026