Skip to main content

Унапредување на процесот на идентификација и регистрација на мешаната миграција во Северна Македонија

Project Description
Преку проектот „Воспоставување и унапредување на процесот на идентификација и регистрација на мешаната миграција во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, ЕУ ги поддржува заложбите на Северна Македонија за зајакнување на безбедноста на нејзините граници и усогласување со европските стандарди.
Иницијативата е фокусирана на подобрување на инфраструктурата за управување со границите и на заштита на човековите права на мигрантите согласно стандардите на ЕУ. Проектот го спроведува Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во тесна соработка со Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
За време на четиригодишниот период на имплементација, проектот ги има следниве цели:
• Подобрување на општата безбедност во Северна Македонија: Зајакнување на системот за управување со границите, со цел унапредување на општата безбедност во земјата;
• Зголемување на безбедноста и заштитата на човековите права: Воспоставување систем за идентификација и регистрација согласно стандардите на ЕУ, со кој ќе се овозможи прецизна идентификација на лицата, намалување на ризикот од шверц на мигранти и подобрување на безбедноста на мигрантите и на локалното население;
• Полесен пристап до заштита за ранливите категории: Обезбедување поефикасен пристап до механизмите за заштита на ранливите групи;
• Јакнење на капацитетите на граничната полиција: Спроведување обуки за граничната полиција, со цел поттикнување на чувствителност кон прашањата поврзани со заштитата и почитувањето на човековите права.

Проектот претставува значаен чекор напред во справувањето со миграцијата и зајакнувањето на граничната безбедност во Северна Македонија.
Со поддршка од Европската Унија, Северна Македонија е подготвена да ја надгради својата информациско - комуникациска инфраструктура, со цел да го унапреди процесот на идентификација и регистрација на мешаната миграција во согласност со стандардите на ЕУ.
Оваа иницијатива покрај тоа што одговара на тековните предизвици, поставува и цврсти темели за ефикасно управување со границите, за справување со миграцијата и за заштита на човековите права.
Specific Objective
Проектот има за цел Северна Македонија и нејзините граници да бидат побезбедни, а притоа да се овозможи слободно движење на луѓето и заштита на нивните права.
Тој е насочен кон јакнење на државните капацитети за поефикасно управување со границите и миграцијата, во согласност со европските стандарди и принципите за почитување на човековите права.
Expected Results
Проектот ќе го зајакне технолошкиот капацитет на Северна Македонија за идентификација, регистрација и управување со податоци за мигранти и бегалци, во согласност со стандардите на ЕУ. Дополнително, ќе им помогне на надлежните институции да го унапредат информациско - комуникацискиот системот за миграција и да обезбедат негово непречено и ефикасно функционирање кај сите надлежни органи.
Project map
Photo gallery
PROJECT DETAILS
Северна Македонија
Priority Area:
Демократија, добро владеење и основни права
Subsector:
Владеење на правото, безбедност и миграција
Topic:
Миграција
Project Status:
Во тек
Start Date:
25.11.2024
End Date:
24.11.2028
Social Media Links:

EU Project Number:
700002577