Поддршка од ЕУ за Регионалниот систем за управување со отпад во Скопскиот регион
Опис на проектот
Проектот „Поддршка од ЕУ за Регионалниот систем за управување со отпад во Скопскиот регион“ има за цел да ја изготви целокупната потребна планска и техничка документација за воспоставување на финансиски и оперативно одржлив интегриран Регионален систем за управување со отпад (РСУО) во Скопскиот регион. Паралелно, проектот ќе ги зајакне капацитетите на регионалните и локалните структури за управување со отпад и ќе дизајнира и спроведе сеопфатна програма за подигнување на јавната свест, која ќе промовира правилни и одговорни практики за управување со отпад.
Специфична цел
Општата цел е следнава:
• Да се поддржи воспоставувањето на интегриран и самостојно одржлив систем за управување со отпад во Скопскиот Регион, во согласност со националните стандарди и стандардите на ЕУ.
Специфични цели се следниве:
• Да се подготви целокупната потребна планска и техничка документација за воспоставување на интегриран и самостојно одржлив РСУО во Скопскиот регион.
• Да се зголемат капацитетите на регионалните и локалните структури за управување со отпад во Скопскиот регион.
• Да се зголеми јавната свест за управување со отпад во Скопскиот регион.
Очекувани резултати
• Ревизија и ажурирање на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) за Скопскиот регион, со Стратешка оцена на влијанието врз животната средина и проценка и анализа на постојната состојба на управувањето со отпад во Скопскиот Регион.
• Подготовка на Студија за изводливост, Анализа на трошоци и придобивки и Студија за оцена на влијанието врз животната средина за воспоставување на интегриран и самостојно одржлив РСУО во Скопскиот регион.
• Подготовка на техничка документација за набавка и изведба на потребните инвестиции за воспоставување на интегриран и самостојно одржлив РСУО во Скопскиот регион.
• Зајакнување на капацитетите на регионалните и локалните власти и институции за ефикасно спроведување и примена на регионалниот систем за управување со отпад.
• Програма и кампања за подигнување на јавната свест за поддршка на воведувањето на интегриран и самостојно одржлив РСУО во Скопскиот регион.
Мапа на проектот
Coordination Meeting on the Regional Waste Management System in the Skopje Region
Launch of the Regional Waste Management System in the Skopje Region
ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ
Северна Македонија
Приоритетна област:
Животна средина и зелена транзиција Потсектор:
Одржлива животна средина ТЕМА:
СТАТУС НА ПРОЕКТОТ:
Во тек Датум на почеток:
16.02.2026 Датум на завршување:
15.02.2029 Број на проектот на ЕУ:
488 689 





