Прескокни до главната содржина

Над 3 милиони евра за заштита на Дојранското Езеро низ прекугранична соработка

Заштитата на природата не познава граници. Преку програмата „Interreg VI-A IPA Грција – Северна Македонија“, Европската Унија инвестира повеќе од 3 милиони евра за зајакнување на заштитата на Дојранското Езеро и за унапредување на поефективното прекугранично управување со животната средина. Овој повик ја поддржува соработката меѓу организациите од двете страни на границата, со фокус на посилно заедничко управување, координиран мониторинг и одржливо стопанисување со езерото и неговиот околен екосистем. Државмоте институции и организациите од подобните региони во Северна Македонија се поканети да ја искористат оваа можност и да ја претворат прекуграничната соработка во конкретни активности за едно од највредните природни подрачја во регионот.

Детали за можноста

Статус на учество на Северна Македонија
Северна Македонија е земја учесник преку Interreg VI-A IPA Програмата за Грција – Северна Македонија за 2021-2027.
За кого е наменето?
Државни тела и организации кои се наоѓаат во Вардарскиот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот регион на Северна Македонија, заедно со подобни партнери од програмската област во Грција.
Вообичаен вид на финансирање
Грантови за прекуграничка соработка
Вообичаен буџетски опсег
Повеќе од 3 милиони евра
Каде да аплицирате или да дознаете повеќе
Апликантите треба да се консултираат со Програмата Interreg VI-A IPA Грција – Северна Македонија за целокупната документација за повикот, условите за подобност и постапката за аплицирање

Посетете го официјалниот извор

Краен рок: 21 септември 2026

  • За кого е наменето?
  • Вообичаен вид на финансирање

Најнови вести

Европската комисија го објави Извештајот за Северна Македонија за 2026 година: Напредок и предизвици на патот кон европска интеграција

„Нов европски Баухаус“ 2026: Престижната награда за културната иницијатива „Комшилук“

Амбасадорот Рокас на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје: Младите ја поставуваат агендата

Претседателката фон дер Лајен од Скопје: Местото на Северна Македонија е во Европската Унија

5,8 милиони евра достапни за МСП преку програмата Интеррег Бугарија – Северна Македонија

Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија

ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО РАЗГОВОРОТ

ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИТЕ БИЛТЕНИ И ИЗВЕСТУВАЊА

Претплатете се бесплатно на билтени и известувања и добивајте повеќе информации од ЕЕАС и за активностите на ЕУ во светот директно во вашето сандаче.